ЈОГА СЕМИНАР со ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА
14 - 17 јуни 2018
Хотел „Куќа на уметноста“ - с. Кнежино, Кичево

БАКТИ ЈОГА
ЈОГАТА НА ЉУБОВТА

„Љубовта е живот без страв.“
Д-р Џералд Џ. Џамполски


ПРОГРАМА:

ТЕОРИЈА – ПРЕДАВАЊА:
  • Бакти јога - Божествена љубов
  • Љубовта за себе е основа за добро здравје, радост, креативност, успешен живот, виталност и долговечност
  • Што значи да се љубиме себеси? Како тоа го правиме?
  • Кога се љубиме себеси, навистина ги љубиме, и другите, и светот
  • Бидете храбри да го правите тоа што го сакате и ве облагородува, Животот ќе ве поддржи.
ПРАКТИКА:
  • Бакти медитација – освестување на божественото во нас и соединување се Божествената љубов.
  • Асани (телесни положби), пранајама (техники на дишење) и релаксација.Ќе вежбаме надвор, во природа.
  • Карма јога – практична работа, чистење
Практични вежби:
  • Изразување на емоциите – за ослободување на блокадите и слобода на дејствување
  • Како дејствуваме – од положба на љубов или на страв?

МЕСТО
Хотел „Куќа на уметноста“ - с. Кнежино, Кичево
Се наоѓа на околу 900 м.н.в., на 6 км од Кичево и до него води асфалтен пат.
ЦЕНА НА ЕДЕН ПОЛН ПАНСИОН:
  • 1350 ден. во двокреветна соба;
  • 1550 ден. во еднокреветна соба (ограничен е бројот).
За сместувањето плаќате директно во хотелот, ВО ГОТОВО.
МЕНИТО ВО ТЕКОТ НА СЕМИНАРОТ Е ВЕГЕТАРИЈАНСКО.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Семинарот ќе започне во четврток, 14 јуни, во 18ч. и ќе заврши во недела, 17 јуни, попладне (околу 16ч.).
Почнуваме со работа во 7 часот наутро и работиме активно во текот на целиот ден. Околу 22 часот работиме вечерни медитации.
Пријавувањето е до 1 јуни со уплата на КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕМИНАРОТ.
Ако учеството се откаже до 8 јуни 2018 се задржува 50% од котизацијата, а по 8 јуни 2018 се задржува 70% од котизацијата.
ЌЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ПРЕВОЗ ДО ХОТЕЛОТ (дополнително се плаќа). ИЛИ, ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ СО СОПСТВЕНИ АВТОМОБИЛИ.
Информации на тел: 071 23 87 85

Нашите наставници

Лидија Георгиева
Го основа (1996) и го води Јога центарот - Тафталиџе, Скопје

Kети Едровска Исајловска е лиценциран психолог во здравство и психотерапија.

Јана Малинова
Инструктор по јога
^ Назад